ЗА НАС

Краток историјат

User Rating: 0 / 5

Star InactiveStar InactiveStar InactiveStar InactiveStar Inactive
 

Производствено трговско претпријатие ЕКОПЛАСТ е продолжение од фирмата ЕЛХАМ која се занимаваше со производство на дувана и бризгана пластична амбалажа од далечната 1994 година. Од нејзиното ребрендирање во ЕКОПЛАСТ во 2012 година продолжено расте во една од најдобрите македонски производствени погони за дувана и бризгана амбалажа. Нашето производство се одвива 24/7 за да можеме да ги исполниме сите барања на нашите клиенти.

ЕКОПЛАСТ има капацитет на производство на дувана амбалажа од 0.25ml до 10L туби и со можност за бризгање на предмети од пластика до 200g во високо квалитетни машини од реномирани машино производители како на пример: Bekum, Magic, Automa, Hesta, Arburg, Dr. Boy. Engel.

ЕКОПЛАСТ има развиено големо искуство во изработка на полиетиленска (HDPE) и полипропиленска (PP) амбалажа се со цел да може да ги исполниме потребите на клиентите. Големиот избор на производи за намена во прехрамбената, хемиската и фармацевската индустрија не мотивира да бидеме се повеќе мотивирани и во другите области каде се користи пластична амбалажа.

ЕКОПЛАСТ се стреми кон уникатни и современи дизајни на амбалажа и затоа е во соработка со алатницата FORMATIKA.COM.MK која е број 1 во тоа поле. Машинскиот парк на ЕКОПЛАСТ му дава можност за производство на амбалажа со коекструзија која се користи за производство на амбалажа за моторни масла.

ЕКОПЛАСТ е прва компанија која произведува CRC (Child Resistant Caps) кои се користат за производи кои се забранети за дофат на деца.

ЕКОПЛАСТ се занимава и со рециклирање на пластика за свои потреби се со цел да придонесе во зачувувањето на животната средина.

Нашата визија е да можеме да ги исполниме критериумите на нашите клиенти, нашите вработени да се чувствуваат среќни и задоволни и нашите добавувачи да бидат 100% сигурни во нас.

shutterstock 9833917

Еко Пласт

ул. Качанички Пат бб
Скопје, Македонија
+389 78 200 037
info@ekoplast.com.mk

 

Нашата локација

ул. Качанички Пат бб Скопје, Македонија | +389 78 200 037 | info@ekoplast.com.mk

Скопје, Македонија, Веб дизајн и хостинг www.Elco.eu.mk